ВИДЕО: Варди продолжи со пеколната форма, „покер“ од Лестер за Хадерсфилд

Екипата на Лестер Сити дојде до четвртата победа по ред во Премеир лигата и на гостински терен кај Хадерсфилд одигра ефикасен меч и славеше со 1-4 (0-1).

  • Извештај од натпреварот: 

„Лисиците“ на оваа средба беа водени од Џејми Варди, кој беше двоен стрелец и продолжи да игра во одлична форма. Во првиот дел за Лестер Сити погоди Тилеманс во 24. минута, а потоа, во 48. минута Варди доби топка од Рикардо Переира и ја смести во мрежата на Хадерсфилд.

Во 52. минута домаќините се вратија во мечот со погодок на Мој од пенал, но залудно, затоа што во 79. минута, Медисон зголеми на 1-3. Во 84. минута беше поставен конечниот резултат на „Кирклис“ стадионот, со погодок на Џејми Варди, овој пат од пенал.

На останатите два меча, Барнли победи кај Борнмут (1-3), додека Кристал Палас со гол од пенал освои три бода на гостувањето кај Њукасл.

  • Извештај од натпреварот:

  • Извештај од натпреварот: