Вардарецот Серафимов се пресели во чешката втора лига

Заврши потрагата по нова средина на талентираниот играч на Вардар, Никола Серафимов. Откако одби да отпатува со „црвено-црните“ на подготовките во Анталија, јасно беше дека 20-годишниот младински репрезентативец на Македонија ќе ги напушти редовите на лидерот на ПМФЛ, а потрагата на крај застана во Чешка, односно во тимот на Височина Јихлава.

Како што информира чешкиот второлигаш, преговорите со нашиот фудбалер се во завршна фаза и во текот на овие денови се очекува потпишување на договор. 

За младиот сега веќе екс вардарец беа заинтересирани неколку клубови од регионот, пред се од Србија и Хрватска, но тој се реши кариерата да ја продолжи во Чешка. 

Тимот на Височина Јихлава по половина сезона е второпласиран во Втората лига на Чешка, и ја продолжува борбата за враќање во елитното друштво.