Вардарци со „покер“ голови во мрежата на Сполето на вториот тест во Италија!

Новиот фудбалски шампион на Македонија, Вардар забележа уште една победа во рамки од подготовките во Италија. „Црвено-црните“ денес се сретнаа со екипата на Сполето Валнерина од Италија, против која одиграа ефикасен натпревар и извојуваа убедлива победа од 4-1 (4-1).

Отпорот на италијанскиот тим го скрши македонскиот репрезентативец Давид Бабунски, а на 2-0 зголеми Закариќ. Првиот стрелец на тимот во ланската сезона Омерагиќ и на овој натпревар беше на висината на задачата и погоди за 3-0, додека последниот гол за македонскиот тим го постигна Торес. 

Вардар настапи со следниот состав: Талевски; Јанкулов, Матиќ, Велковски, Пулиео; Босанчиќ, Бабунски; Закариќ; Родригез, Омерагиќ, Торес

Во второто полувреме уште играа: Диковски Мишковски, Најдовски, Мурџевски, Јефтовски, Пиреш, Данев, Тодоровски, Јаков, Николов, Дурански.