Вардарци со Грнчаров ги започнаа подготовките

Вардар

Екипата на Вардар ги започна подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Тренерот Бобан Грнчаров го одржа првиот тренинг. Неговите фудбалери до заминувањето во Охрид ќе тренираат двапати дневно.

Првиот пријателски меч на вардарци е закажан на 16 јули, против екипата ја Локомотива од Скопје. Преостанатите ривали во јули за „црвено-црните“ ќе бидат Скопје, Охрид, Пелистер и албанска Егнатија.

Грнчаров во текот на летниот трансфер период доби четири засилувања во Христов, Десниќ, Попзлатанов и Јаневски.