Вардарци пред нов предизвик - победа над Скопје и ништо друго!

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, денеска го очекува нов предизвик во домашното првенство, а целта на „црвено-црните“ е јасна - победа над Скопје и освојување на трите бода.

Црвено-црниот табор не ја започна сезоната според очекувањата, поради што дојде и до промени на тренерската позиција. Миодраг Божовиќ во изминатиот период доби дополнително време за работа со екипата, во обид да ги пренесе своите замисли и да го подигне нивото на игра.

Сега Вардар ќе треба да покаже напредок на теренот и да ја оправда улогата на фаворит. Противник е ФК Скопје, а во таборот на шампионот немаат намера да се задоволат со ништо помалку од победа.

За да ја остварат целта, вардарци ќе мора да бидат максимално концентрирани во текот на сите 90 минути, особено по некои претходни гостувања на кои не ги исполнија очекувањата.

Дуелот меѓу Скопје и Вардар ќе се одигра денеска од 15:00 часот на стадионот „Железарница“, а правдата ќе ја дели Фуркан Идризи. За Вардар, ова е можност да испрати јасна порака дека останува во трката за највисоките цели во сезоната.