• Мартин Танасковски
Екипата на Вардар игра против КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите. Реваншот се игра далеку од дома, но и тоа не е пречка за некои навивачи да го следат омилениот клуб.
Вардарци има и во Куопио. Десетина навивачи на Вардар се присутни на стадионот на КуПС во секторот наменет за гостите зад еден од головите и со песна навиваат за својот миленик. Некои се нашинци од Финска, но има и навивачи допатувани од Скопје специјално за мечот.
Во повеќе наврати вардарци покажаа дека дистанцата не е пречка да се бодри омилениот клуб. Во случајов, тоа се 3.000 километри, толку е километражата од Скопје до финскиот град.









