Вардар заокружи ЕДНА ГОДИНА без пораз на домашната сцена!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е лидер на табелата во Првата лига (ПМФЛ), а заокружи еден импресивен циклус, тоа е една година без пораз на домашната фудбалска сцена.

Под водство на Гоце Седлоски, тимот не знае за пораз цела една година. Последен пат тимот доживеа пораз во меч на македонските терени на 16 февруари 2025 година, кога не освои бодови против Шкендија.

Вкупно, 37 натпревари клубот не знае за пораз, пет од нив се во Купот на Македонија, останатите во ПМФЛ, а во продолжение погледнете ја вардаровата низа од февруари 2025 до февруари 2026.

  • Листата на мечеви на Вардар без пораз:

Сезона 2024/25:
22.02: Струга - Вардар 0-2
26.02: Вардар - Силекс 1-0 (Куп)
01.03: Вардар - Беса 0-0
05.03: Работнички - Вардар 0-2
09.03: Силекс - Вардар 1-1
14.03: Вардар - Шкендија 1-1
29.03: Пелистер - Вардар 1-3
06.04: Брера - Вардар 0-2
09.04: Вардар - Брера 3-0 (Куп)
13.04: Вардар - Тиквеш 2-2
19.04: Воска - Вардар 0-3
23.04: Брера - Вардар 1-1 (Куп)
26.04: Вардар - Беса 3-1
03.05: Шкупи - Вардар 0-2
06.05: Вардар - Струга 0-0
11.05: Работнички - Вардар 0-1
18.05: Вардар - Гостивар 3-0
21.05: Вардар - Струга 2-0 (Куп)

Сезона 2025/26:
08.08: Вардар - Пелистер 4-1
15.08: Тиквеш - Вардар 1-2
22.08: Вардар - Брера 2-2
29.08: Шкупи - Вардар 2-4
12.09: Вардар - Македонија ЃП 1-0
18.09: Арсими - Вардар 1-4
21.09: Вардар - Работнички 3-1
29.09: Башкими - Вардар 0-0
05.10: Вардар - Струга 2-2
22.10: Вардар - Новаци 3-1 (Куп)
27.10: Шкендија - Вардар 0-1
31.10: Вардар - Силекс 2-1
05.11: Пелистер - Вардар 1-2
09.11: Вардар - Тиквеш 3-1
22.11: Брера - Вардар 0-2
30.11: Вардар - Шкупи 6-1
05.12: Македонија ЃП - Вардар 1-2
11.02: Вардар - Арсими 5-1
15.02: Работнички - Вардар 0-3

Вардар е еден од ретките непоразени клубови оваа сезона во европските лиги. Покрај црвено-црните, пораз во лигите немаат уште Фенербахче (Турција), Бенфика (Португалија), Славија Прага (Чешка), Тре Фиори (Сан Марино) и Клаксвик (Фарски Острови).