ВИДЕО: Вардар загуби по 12 средби, Струга го реши лидерот

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар, доживеа пораз на натпреварот против Струга Трим Љум (2-1), во рамки на 14. коло од домашниот фудбалски шампионат.

Вардарци беа 12 натпревари во низа без пораз, но на серијата ѝ дојде крајот на гостувањето во Струга. Вардар може да жали затоа што не ги користеше прв своите шанси, а имаше и една спорна ситуација во првото полувреме која можеше да го промени дуелот во целост. Кировски и Тафе погодија за стружани, додека поразот го ублажи Мицевски. И покрај поразот Вардар останува на врвот, додека Струга избега од опасната зона. Вардар на овој меч остана и без тренерот Васоски, кој „поцрвене“ поради протести.

Дуелот на стадионот во Струга почна со голема иницијатива на Вардар. Прво шанса имаше Попзлатанов по една контра, но шутираше крај голот, а потоа се обиде уште еднаш Мицевски, ама Ѓуриќ беше на висината на задачата и изби во корнер.

Во 25. минута стигна првиот гол и казната за пропуштеното на Вардар. Погоди Христијан Кировски, најистурениот напаѓач на стружани, кој реализира со глава и донесе голема радост за домашната публика.

И покрај примениот гол Вардар не се разочара, па продолжи да напаѓа. Но, повторно немаше среќа. Аврамовски при една шанса ја стресе пречката, а Цветаноски влезе во гол-шанса, беше фаулиран од голманот Ѓуриќ, но судиите оценија дека нема пенал и црвен за чуварот на мрежата, туку се работи за офсајд.

Пред финишот на вториот дел Струга постигна и втор гол во мрежата на Гачевски, кога по еден корнер стрелаше Тафе, а пред паузата, големи протести имаше од таборот на Вардар, во кои тренерот Александар Васоски доби црвен картон.

Вториот дел почна доста мирно, а Вардар имаше мала иницијатива. Иако остана без Али, кој се повреди пред крајот на првиот дел, средниот дел делуваше доста добро, па се изнуди пенал во средината на полувремето.

Жуниор прв дојде до топката и беше фаулиран во казнениот простор од страна на Алити, а одговорноста ја презема Мицевски, кој од третиот пенал за Вардар сезонава успеа да постигне нов погодок. Но, тоа беше се од гостинот, а Струга можеше да ја потврди победата пред финишот преку Кировски, арно ама Гачевски одбрани.

Вардар во наредното коло го чека градско дерби со Шкупи, додека Струга гостува кај Академија Пандев.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11