Вардар во Словенија ќе тестира со актуелниот светски вицешампион! 

Екипата на Вардар своите главни подготовки за новата сезона ќе ги одржи во Словенија, каде момците на Александар Васоски ќе одиграат вкупно пет тест средби. 

Серијата на контролните натпревари почнува против Дравиња од Словенија, па продолжува со хрватскиот тим Горица. Вардарци ќе играат со актуелниот светски вицепрвак Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати, а серијата на контроли ќе заврши во два дена, кога Вардар ќе ги одмери силите најпрво со Рогашка, а потоа и со Касимпаша. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ: 

18.07 - Вардар - Дравиња (Словенија)

23.07 - Вардар - Горица (Хрватска)

27.07 - Вардар - Ал Аин (Обединетите Арапски Емирати)

30.07 - Вардар - Рогашка (Словенија)

31.07 - Вардар - Касимпаша (Турција)