• Иван Димовски

Репрезентативната пауза ги прекина Првата и Втората македонска фудбалска лига, па овој викенд за сите екипи е слободен. Сепак, дел од клубовите го користат периодот за пријателски средби за одржување на формата.
Еден од нив е и скопски Вардар, кој треба да се консолидира под водство на Александар Васоски. „Црвено-црните“ одиграа пријателски тест со второлигашот Вардар Неготино и убедливо победија со 5-0.
Во овој натпревар, својот првенец во новиот клуб го постигна искусниот Филип Дурански. Покрај него, по двапати мрежата на неготинчани ја тресеа Лука Трајковски и Огнен Здравковски.
Домаќинот на „Цвај Арена“ не можеше да му парира на прволигашот и претрпе убедлив пораз, но во добра атмосфера.