• Иван Димовски
Фудбалерите на Вардар потешко од очекуваното се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија, откако триумфираа на гостувањето кај Новаци со 0-2 (0-1). „Црвено-црните“ на теренот на второлигашот дојдоа до предност пред полувремето со погодокот на Азер Омерагиќ во 41. минута. Во продолжението скопјани диктираа темпо, но Иве Трифуновски имаше зицер за израмнување, кој не го искостисти. Со голот на Данел Донгмо гостите во финишот ја потврдија својата победа. Натпреварот се играше пред полни трибини и предизвика голем интерес во Новаци и околината.
Минимален триумф вреден пласман меѓу шеснаесетте најдобри имаше Пелистер на гостувањето кај Скопје (0-1). Средбата на „Железарница“ долго време немаше погодоци, а потоа херој на битолчани беше искусниот Вилдан Керим кој во 73. минута погоди за победа.
- Скопје - Пелистер 0-1:
Беса 1976 славеше убедливо на гостувањето кај Охрид со 1-5. Домашната екипа поведе преку Дишлиевски, меѓутоа потоа гостинот режира пресврт. Стрелци беа Таловиќ, Селмани, Нуредини и двапати Скендери.
- Охрид - Беса 1976 1-5:
Арсими во вториот дел го скрши отпорот на Кожуф и славеше со 1-2 (0-0). Стрелци за гостинот во Гевгелија беа Рамадани и Шефити.
- Кожуф - Арсими 1-2:
Силекс беше сигурен против третолигашот Карбинци на гости и победи со 1-4 со головите на Јашароски, Рајков, Додев и Донов.