Вардар почна со „петка“ за Тетекс, погодија тројцата новајлии

Екипата на Вардар го одигра првиот пријателски натпревар и забележа победа над Тетекс (5-0) предводен од Љупчо Марковски - Калц.

„Црвено-црните“ беа доминантни против ривалот кој е во формирање на екипа за опстанок, а на овој натпревар погодија сите три нови засилувања кои ги доби тренерот Бобан Грнчаров за време на овој преоден рок во нападот.

Стрелци на головите беа новите играчи Дарко Размоски и Дејан Цветаноски кои дадоа по два гола, како и Роберт Митев кој постигна еден гол.

Следниот контролен натпревар за Вардар е за четири дена против Скопје.