ВИДЕО: Вардар со рутинска победа над Кожув стави печат на успешната полусезона во ВМФЛ

Поранешниот македонски фудбалски шампион Вардар им се врати на победите, откако во рамките од првиот натпревар од 15. коло, последно за оваа година во Втората македонска фудбалска лига, со сигурни 2-0 (1-0) го совлада составот на Кожуф.

Поради проблемите со ненаоѓање на слободен стадион за време на викендов, Вардар мораше денес да го пречека гостинот од Гевгелија. Средбата се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во населба Маџари, но без присуство на верните „Комити“ кои бојкотираа.

Но, и без поддршката од своите најверни навивачи вардарци одиграа солиден натпревар и заслужено впишаа нови три бода на своето конто. Резултатот го отвори Мицевски со погодок во 20. минута, додека печат на победата стави Маркоски на половина час од крајот на натпреварот.

Со оваа победа, барем до утре, кога ќе се одиграат останатите натпревари од 15. коло, Вардар ќе биде лидер на табелата, додека Кожув ќе остане на единаесеттото место со 17 бода.