Вардар со пораз од бугарски ривал ги отвори подготовките во Анталија

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го одигра првиот контролен натпревар во Анталија, Турција и доживеа пораз од ривал од Бугарија.

Во првиот дуел Вардар играше со Септември Софија, а мечот заврши со победа на ривалот од 0-1. До триумфот бугарскиот прволигаш дојде со голот на Виктор Тејсер, по еден одбиен шут на Галин Иванов.

Вардар одигра пријателски дуел со Септември, заради невремето кое го откажа мечот со казахстански Актобе. Следниот меч за црвено-црните е против Сабуртало Ибериа 1989 од Грузија закажан на 26 јануари.