Вардар со победа тргнува во пролетната полусезона во ПМФЛ

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Вардар, победи во последната контрола пред стартот на шампионатот и славеше над Кадино (2-0).

Паднаа по еден гол во двете полувремиња, доволно за избраниците на Васоски да дојдат до посакуваната победа. Во првиот дел реализира Матеј Цветановски, додека конечниот епилог го постави Џемал Ибиши.

За Вардар ова беше прва победа во зимските подготовки, затоа што на натпреварите во Анталија, Турција, не се славеше ниеднаш.

Пролетната полусезона ПМФЛ за Вардар стартува на домашен терен, со дуел против Македонија Ѓорче Петров.