• Саше Љолес

Екипата на Вардар ги комплетираше подготовките во турската Анталија и го одигра последниот пријателски натпревар на кој забележа убедлива победа над вториот тим на Рапид Виена со конечни 3-1.
„Црвено-црните“ одиграа одличен меч и ја заокружија победата со головите на Немања Босанчиќ во 40. минута, Роџерс Мато Касим стрелаше во 55. минута, а Михаил Талевски ја погоди мрежата во 70. минута од натпреварот.
На зимските подготовки во Турција, вардарци забележаа една победа, три нерешени средби и два порази, со вкупна гол-разлика 6-6. Избраниците на тренерот Гоце Седлоски се враќаат во Скопје и ќе се подготвуваат за почетокот на првенството, кое е закажано за 16 февруари.
Прв предизвик за Вардар во пролетниот дел од сезоната ќе биде натпреварот против тетовска Шкендија.