Вардар со најтешка задача од прволигашите, Кожуф ја чека Брера во Купот на Македонија

Од денес започнуваат и возвудувањата во фудбалскиот Куп на Македонија. На програмата е 1/16 финалето, во кое нема ниту еден прволигашки дуел, но секако дека има неколку интересни парови.

Од дванаесетте натпревари најинтересно се очекува да биде на средбата меѓу амбициозната Беса и повратникот во ПМФЛ, Вардар, како и на дуелот меѓу лидерот во ВМФЛ, Кожуф и одличната Брера од Струмица. Штипска Брегалница гостува кај новиот второлигаш Новаци, Работнички ќе се судри со Тетекс, додека Пелистер ќе се сретне со Влазерими. Голема борба треба да има и покрај Охридското езеро, каде на Охрид ќе му гостува Детонит Плачковица, а Шкупи е голем фаворит во соочувањето со Карбинци. 

Куп на Македонија
Прво коло:  

Јанг Тим - Победа
Новаци - Брегалница
Башкими1947 - Скопје
Арсими - Тиквеш
Кожуф - Брера
Карбинци - Воска Спорт
Охрид - Детонит Плачковица
Беласица - Гостивар
Коњаре - Шкупи
Беса 1976 - Вардар
Тетекс - Работнички
Влазерими - Пелистер

Тимовите кои лани играа во полуфиналето од Купот на Македонија, освојувачот на трофејот Македонија Ѓорче Петров, финалистот Струига Трим Љум, Шкендија и Силекс имаат директно место во осминафиналето.

Во оваа фаза ќе се игра само еден натпревар, а ако натпреварот заврши без победник во регуларниот тек, следат казнени удари. Сите натпревари започнуваат од 15:00 часот.