ВИДЕО: Вардар славеше во Купот, но на „Гоце Делчев“ ПОБЕДИ прилепската публика!

Фудбалот во вистинска смисла на зборот се врати во Прилеп. По подолго време Победа игра официјални натпревари во својот дом „Гоце Делчев“, а прилепчани уште еднаш докажаа дека се едни од најголемите вљубеници на оваа игра во Македонија.

На денешниот дуел против Вардар, во рамките од првото коло од Купот на Македонија, трибините на прилепскиот стадион одново беа полни со илјадници фанови на Победа, кои во текот на целиот натпревар безусловно ги бодреа своите миленици.

  • Атмосферата на трибините во Прилеп:

На ова дерби славеше Вардар, откако беше поуспешен во пенал-рулетот, но денес на стадионот „Гоце Делчев“ ПОБЕДИ прилепската публика!

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Вардар по пенали го „освои“ Прилеп, за осминафинале во Купот!