• Иван Димовски
Освен извлекувањето во Лигата на шампионите, во 16:00 часот ќе се одржи и извлекувањето за првото претколо во Конференциската лига на УЕФА. Во него ќе играат вицепрвакот Силекс, третопласираниот Работнички и освојувачот на Купот Вардар, а сите три ќе бидат неносители.
- Потенцијални ривали на Силекс:
Група 2
Носители: Петрокуб (Молдавија), Ордабаси (Казахстан), Дечиќ (Црна Гора), Урату (Ерменија)
Неносители: Силекс (Македонија), Неман Гродно (Белорусија), Биркиркара (Малта), Торпедо Куитаси (Грузија)
- Потенцијални ривали на Вардар:
Група 3
Носители: Дуделанж (Луксембург), Копер (Словенија), Сутјеска (Црна Гора), Ла Фиорита (Сан Марино)
Неносители: Вардар (Македонија), Атлетик Клуб д'Ескалдес (Андора), Железничар (БиХ), Динамо Брест (Белорусија)
- Потенцијални ривали на Работнички:
Група 6
Носители: Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо-Белаж (Белорусија), Борац (БиХ)
Неносители: Работнички (Македонија), Санта Колома (Андора), Расинг Унион (Луксембург), Тре Фиори (Сан Марино)
Натпреварите од првото квалификациско коло на Конференциската лига е закажано за 10 јули, а реваншите се седум дена подоцна.