Вардар сега има 24 играчи: Со каков тим располага шампионот?

Вардар ќе почне нова ера, без тимот кој во изминатата сезона ја освои шампионската круна. Александар Васоски склопи тим, на располагање има 24 фудбалери, кои тренираат и се подготвуваат за стартот на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Во тимот ги нема Филип Гачевски, Евгениј Новак, Жуниор, Даниел Аврамовски, Кристијан Тошевски, Владица Брдаровски, Али Адем, Марио Младеновски, Никола Серафимов, Бојан Димоски и Џемал Ибиши во однос на ланското издание.

Новајлии се Дејан Блажевски, Филип Петковски, Виктор Велкоски и Бојан Најденов, а се очекува да се донесе уште некое ново име, нормално, доколку се најде поволно решение на пазарот.

  • СОСТАВОТ НА ВАРДАР СЕЗОНА 2020/21:

ГОЛМАНИ: Филип Илиќ (23), Матеј Андов (18), Лука Стојковски (17)

ОДБРАНА: Виктор Велкоски (24), Стефан Наумчески (19), Мартин Величковиќ (18), Филип Манасиевски (19), Александар Ѓурковски (18), Виктор Крстевски (18), Давид Велковски (19), Анатолиј Петејчук (17)

СРЕДЕН РЕД: Пепи Гугуљанов (17), Филип Најдовски (27), Дарко Мицевски (28), Бојан Најденов (28), Филип Андоновски (18), Дамјан Трајановски (18), Фитор Реџепи (20)

НАПАД: Дејан Блажевски (34), Георг Стојановски (16), Филип Петковски (30), Јован Попзлатанов (24), Бојан Колевски (20), Матеј Цветановски (22)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб кој и оваа година ќе биде еден од најмладите во шампионатот ја стартува сезоната на 8 август и ќе се соочи со Борец. Дуелот е ден порано во однос на останатите поради ТВ-преносот.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.