• Саше Љолес

Марјан Алтипармаковски е официјално нов член на скопската гордост, ФК Вардар. Искусниот офанзивец е второ засилување во зимскиот преоден рок по доаѓањето на Дејан Ѓуриќ, а во „црвено-црниот“ табор пристигнува од редовите на Раднички Белград.
Кариерата ја започна во Пелистер, а уште играше за Работнички, Брегалница и Струга Трим Љум. Алтипармаковски има и богато интернационално резиме, зашто во минатото играше за клубови од БиХ, Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија и Грција.
Вардарци заминаа на дополнителни подготовки во Гевгелија, каде ќе се заджржат во следните седум дена, а новиот тренер Горазд Михајлов ќе има доволно време да го воигра тимот за тешките предизвици во пролетниот дел од сезоната. Вардар е „фенерџија“ во ПМФЛ, но не е предалеку од дирекните конкуренти и има добри шанси да избори опстанок во елитниот македонски фудбал.
Марјан Алтипармаковски досега има одиграни 164 натпревари во Првата македонска лига и постигна вкупно 41 гол.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.