Вардар се засили со корејски лев бек и млад напаѓач од Брера Струмица

Управата на скопски Вардар ги објави своите нови засилувања за следната сезона, во која „црвено-црните“ имаат големи амбиции и целат кон висок пласман на табелата во Првата лига. 

Нови членови на најтрофејниот клуб се 22-годишниот лев бек Сеук Гјун-Ким и 18-годишниот Марио Костов, кој игра во нападот и пристигнува од екипата на Брера Струмица. Вардарци полека започнуваат да го креираат ростерот за новите предизвици, а деновиве се очекуваат и нови свежи засилувања кои дополнително ќе ја збогатат ротацијата на тренерот Горазд Михајлов

„Црвено-црните“ го оставија зад себе турбулентниот период, клубот доби нов спонзор и нова управа, а навивачите очекуваат добри игри кои ќе го втурнат Вардар во борба за горните позиции и евентуален излез во Европа догодина.