Вардар се шегува со ривалите: „Се придржуваме до мерките, одржуваме социјална дистанца“

Првата македонска фудбалска лига во моментов е прекината поради пандемијата од вирусот ковид-19, кој го погоди цел свет. Фудбалската федерација на Македонија ги следеше препораките и пред речиси две седмици ги прекина натпреварувањата под нивна капа на неопределено време. 

Лидер на табелата по 23 одиграни кола е скопски Вардар и тоа со десет бодови предност пред Силекс и единаесет пред Шкендија. Управата на клубот реши да се пошегува на социјалните мрежи, објавувајќи дека тимот ги следи препораките и одржува дистанца, алудирајќи на бодовната разлика до најблиските пратители. 

  • Објавата на официјалниот Твитер профил на Вардар: 

Тимовите кои настапуваат во натпреварувањата под капата на Фудбалската федерација на Македонија во моментов не тренираат, бидејќи сè уште е нејасно кога ќе се смири ситуацијата и ќе може нормално да продолжат шампионатите.