Вардар сака петта победа по ред во ПМФЛ

Може ли Вардар до петта победа по ред во ПМФЛ? Позитивниот аввуст, екипата на Александар Васоски го пренесе и во септември и ако вака продолжи, „црвено-црниот“ состав прашање на време е кога ќе избие на врвот на првенствената табелата. Мудриот пристап, играта на резултат и добрата физичка подготвеност излезе на површина во претходните четири кола кога вардарци впишаа четири бода.

Традицијата на натпревари против некогашниот шампион Силекс вели дека во Скопје бодовите главно остануваат за домаќините, а кратовчани ретко носат бод или три.

Последни пет меѓусебни натпревари:
12.05.2019 - Силекс - Вардар 1-0
31.03.2019 - Вардар - Силекс 1-0
25.11.2018 - Силекс - Вардар 0-1
26.09.2018 - Вардар - Силекс 1-0
29.04.2018 - Силекс - Вардар 0-2

Васоски нема намера да го менува тимот кој го совлада Шкупи, а нема преголеми промени да претрпи и стартниот тим на Силекс од дуелот со Борец во вонредното коло. Домашниот тренер не би требало да калкулира пред првиот осминафинален натпревар од Купот против Шкендија следната среда во Скопје.

Марјан Гоцевски од Струмица ќе ја дели правдата на дуелот кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 9 6 2 1 12:3 9 20
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 9 5 3 1 9:2 7 18
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 9 4 3 2 12:7 5 15
4 РеноваРенова 9 4 1 4 8:10 -2 13
5 ШкупиШкупи 9 3 4 2 9:7 2 13
6 ШкендијаШкендија 9 3 2 4 8:6 2 11
7 РаботничкиРаботнички 2 9 3 1 5 7:11 -4 10
8 СилексСилекс 1 9 3 0 6 9:13 -4 9
9 БорецБорец 1 9 2 2 5 7:15 -8 8
10 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 9 2 2 5 8:15 -7 8