ВИДЕО: Вардар рутински го „среди“ Новаци и се чекира во Куп-четвртфиналето

По вчерашните драматични натпревари во Скопје и Куманово, пенал-рулетот меѓу Работнички и Брегалница, како и изненадувањето во Синѓелиќ, денес со очекуван резултат заврши единствениот дуел од осминафиналето на Купот на Македонија. 

Вардар ја продолжи одбраната на титулата во Купот на Македонија и со победа од 3-1 (2-0) против второлиугашот Новаци се пласира во четвртфиналето. Втора година по ред „црвено-црните“ ги елиминираа новачани во Купот, овојпат полесно отколку минатата година на гостински терен.

Енис Спахиу го отвори резултатот во деветтата минута, а десет минути подоцна реализираше Азер Омерагиќ. Новаци единствениот гол на средбата го потигна во финишот од првиот дел преку Стефан Јовановски од пенал. Потврда на победата донесе Ворен со трет гол за Вардар во вториот дел. 

Вардар е седми четвртфиналист на Купот на Македонија и им се приклучи на Струга Трим Лум, Силекс, Работнички, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново и Охрид и Струга. Во последниот осминафинален натпревар за две недели ќе се сретнат Шкендија и Тиквеш.