Вардар расчисти нови долгови: Над 250.000 евра легнаа на сметките на Попов...

За само неколку дена фудбалскиот клуб Вардар по вторпат изврши уплата на долгови, овој пат во вредност од околу 250.000 евра.  
Ова го потврди извршниот дирекот на клубот, Миленко Неделковски, а одново најголема сума доби поранешниот капитен на тимот Горан Попов. Пари легнаа и на сметките на адвокатот Александар Новаковски, како и на Инекс Дрим, Вего Петрол и Телеком.

„Извршниот директор на АД ФК Вардар г-дин Миленко Неделковски, ја известува заинтересираната јавност дека се извршени уплати на блокади на сметката кон:

1. Горан Попов - 13.666.051,00 денари (222.000 €)
2. Адвокат Александар Новаковски - 1.444.709,00 денари (23.491 €)
3. Инекс Дрим - 115.193,00 денари (1.873 €)
4. Ваго Петрол - 185.367,00 денари (3.000 €)
5. Телеком - 200.451,00 денари (3.260 €)“, стои во објавата на клубот. 

Претходно, Вардар расчисти долгови и кон поранешни фудбалери од изминатите неколку сезони кои имаа побарувања од клубот.