• Мартин Танасковски

Од канцеларијата на македонскиот прволигаш Вардар стигна одлична вест. Комплетно се исплатени долговите кон уште неколку побарувачи и клубот во иднина може да функционира нормално.
Вкупните нови долгови кои се расчистени се во висина од 31 милиони денари, вклучувајќи ја и онаа кон Владица Брдаровски за која се информираше претходно. Во продолжение, погледнете ја најновата листа на исплати.
Дарко Панчев - 4.134.855.00 денари.
Владица Брдароски - 8.759.744.00 денари.
Бендџамин Демир - 6.100.000.00 денари.
Михајло Костиќ - 8.834.415.00 денари.
Александар Игески - 935.353.00 денари.
Фитнес Инфинити - 2.014.562.00 денари.
ЕАМ ДОО Штип - 263.006.00 денари.
Исто така сметката на клубот од деветти април 2025 година е одблокирана, со што клубот после цели осум години повторно функционира по сите законски норми и прописи.