• Мартин Танасковски

Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски, ја информира јавноста дека се исплатени блокадите на клупската сметка на уште пет нови места во висина од 310.000 евра.
Најголемата сума од најновите е исплатена кон Горан Попов, тоа е 183.000 евра, или 11.250.000 денари. Потоа следи Горан Митев на кого му се исплатени 100.000 евра, или 6.242.677 денари.
Платени се и 15.000 евра кон Адвокат Марија Спировска (932.360 денари), уште 7.000 евра кон Слободан Мутибариќ (431.735 денари), како и уште 4.600 евра или 282.760 денари на име на Плант Експо.
Претходно, Вардар расчисти долгови и кон поранешни фудбалери од изминатите неколку сезони кои имаа побарувања од клубот.