Вардар тргнува со Пјуник во квалификациите за Лига Европа

Најтрофејниот македонски тим Вардар гo дозна својот противник во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа. Тоа ќе биде тимот на Пјуник Ереван од Ерменија.

Вардарци, кој минатата година имаа историски пласман во групната фаза на Лига Европа беа носители во денешната ждрепка, но се чини дека го добија најнезгодниот од групата на неносители.

Првиот натпревар „црвено-црните" го играат на гостински терен на 12 јули, а реваншот ќе биде седум дена подоцна во Скопје. Ерменскиот клуб е добро познат во македонската јавност, бидејќи своевремено во истото ова натпреварување одигра двомеч против прилепска Победа.

Екипата на Бобан Бабунски во Австрија, каде што ги минува подготовките, го дозна својот прв европски ривал за сезоната 2018/19.