ВИДЕО: Вардар промаши пенал, Черноморец преку сомнителен гол ги доби „црвено-црните“

Македонскиот шампион, Вардар, утрово запиша нов пораз на подготовките во Анталија, Турција. „Црвено-црните“ со минимални 1-0 (0-0) беа поразени од украинскиот тим на Черноморец, а единствениот гол на мечот може да се окарактеризира како доста сомнителен, бидејќи според вардарци тој е нерегуларен. 

Во 56. минута во една мешаница пред голот на Гачевски топката се „прошета“ околу гол-линијата на вардарци, а главниот судија на асистенција на својот помошник досуди гол за Черноморец, што наиде на големо незадоволство во таборот на нашиот шампион. Вардарци бурно реагираа на оваа одлука, па дури влегоа во клинч со бугарските фудбалери, а на крај им се нафрлија на линискиот судија, но сепак одлуката не беше промената.

Вардар во 69. минута имаше две изгледни шанси за израмнување. Најпрво Исени од слободен удар се обиде, но голманот на Украинците успеа да одбрани. Во истата акција по една нафрлена топка во шеснаесетникот, еден противнички играч играше со рака, по што беше досуден пенал за Вардар. Исени шутираше во долниот лев агол, меѓутоа чуварот на мрежата на Украинците го одбрани обидот на вардаровиот фудбалер.

Овој пораз на Вардар е втор во Анталија, откако пред седум деба загуби од узбекистански Пахтакор, додека единствената победа ја запиша во вторникот кога беше поуспешен од Берое