• Мартин Танасковски
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ја продолжува борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ како гости победија со Македонија ЃП (0-1) и забележаа важни три бода во елитата.
Вторпат оваа сезона Вардар ја победи Македонија ЃП во првенството. Иако не важеше за фаворит на хартија, тимот на Васоски успеа да прокнижи посакуван триумф и така дојде до четвртата победа.
Единствен стрелец на натпреварот беше српскиот интернационалец Михајло Милосавиќ. По една комбинација на Лемос и Глишиќ и нафрлање во казнениот простор, Србинот најдобро се снајде пред голот во 35. минута и реализира. Во вториот дел немаше многу возбудувања, па Вардар дојде до посакуван триумф. Вреди да се напомене дека Македонија ЃП на овој меч беше задржана на една шанса, кога во осмата минута се закани Скендери, ама Гачевски одбрани.
Вардар сега има 14 бода, а пред него се Брегалница и Воска Спорт со по 16 бода. Македонија ЃП е деветта, тоа е првото безбедно место во лигата со 18 бода.