Вардар претстави уште едно засилување во средниот ред

фПо Немања Босанчиќ, екипата на Вардар денеска претстави уште едно ново име во својот ростер, кое исто така ќе го засили квалитетот во средниот дел на тимот.

Нов член на вардаровото семејство е Рушту Јонус, млад фудбалер кој ја покрива позицијата централен играч за врска. 22-годишниот фудбалер роден во Скопје минатата сезона ја мина во редовите на Гостивар за кого одигра 28 натпревари во ПМФЛ.

Претходно Јонус ги бранеше боите на Шкупи, Работнички, Пехчево и Охрид Лихнидос. 

По четири одиграни кола Вардар има само три освоени бода и се наоѓа на делбата на последната позиција со Брера Струмица.