Вардар победи во генералката со Беласица пред стартот на ВМФЛ

Екипата на Вардар со победа ќе тргне во новата второлигашка сезона, затоа што славеше над струмичка Беласица (1-2) во натпревар кој беше генералка пред стартот на ВМФЛ.

Сите голови на натпреварот паднаа во второто полувреме. Вардар на овој натпревар ротираше и шанса им даде на сите фудбалери, а победата ја донесоа Дарко Гроздановски и Трајче Стојковски со голови во 73. и 78. минута.

Вардар во првото коло на ВМФЛ-Запад стартува со Кораб, додека Беласица во ВМФЛ-Исток се соочува со Детонит.