Вардар „плови“ кон Втора лига, Струга ТЉ сонува Европа

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар со едната нога е веќе во Втората лига. До крајот на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) има уште две кола, на вардарци им се потребни две победи на двата меча, но не зависат и сами од себе, затоа што треба да губат и конкурентите Академија Пандев, Ренова и Силекс.

Мисијата за опстанок на тимот на Џиџи е скоро невозможна. Против себе, Вардар ќе ја има Струга Трим Љум, која се бори за третото место во шампионатот кое носи европско лето, што за клубот би било историски пласман во еврокуповите, односно Конференциската лига на УЕФА.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Струга ТЉ - Вардар

Главен ривал на Струга за таа трета позиција е Македонија Ѓорче Петров, тим кој моментално е трет и на контото има еден бод повеќе. Поради важноста на овој меч, од Срѓан Захариевски се очекува да нема тактизирање и да има комплетна офанзива уште од првата минута. На Струга Трим Љум и тоа како ѝ е потребна победата, а на домашен терен важи за апсолутен фаворит, затоа што важи за еден од најдобрите домаќини во лигата (осум победи, седум нерешени и само еден пораз оваа сезона).

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во ПМФЛ

Дополнително, жарот кај стружани ќе го разгори и претходното реми во Скопје во пресметката со Вардар (1-1). Пред два месеци, фаворитот го шокира Филип Петковски, кој погоди во 75. минута и ги постави конечните 1-1. Вреди да се напомене дека Вардар двапати остана непоразен против Струга оваа сезона (покрај она 1-1 во Скопје, одигра 2:2 во првиот меѓусебен меч крај езерото). Ама, овој пат, не гледаме простор за нова сензација, па очекуваме триумф за Струга со кој ќе се продолжи сонот за Европа, а Вардар ќе биде и официјално испратен меѓу второлигашите за првпат во својата историја.