Вардар патува кај незгодната Струга во потрага по четвртиот триумф во низа

Лидерот во ПМФЛ, Вардар, денес ќе има тешко гостување кај екипата која игра одлично на домашен терен оваа сезона, Струга Трим Љум.

Вардарци го добија првиот меѓусебен дуел со убедливи 3-0, но се очекува да наидат на голем отпор на денешната средба. Гостинскиот скор сепак им дава надеж на фудбалерите на Александар Васоски дека ќе се изборат за нов позитивен резултат. Тие не знаат за пораз на петте гостувања во тековната сезона. Токму играта надвор од Скопје им овозможи на „црвено-црните“ да изградат солидна предност на табелата пред конкуренцијата.

Стружани ја играат дебитантската сезона во ПМФЛ и засега солидно се претставуваат. Домашниот терен им е заштитен знак и начинот на кој што ги освојуваат поголемиот дел од бодовите. Но, денес на спротивната страна ќе застане тимот кој што има амбиција да ја врати шампионската титула во своите раце. 

Васко Мавров од Струмица ќе застане на центарот на мечот кој што ќе се одигра на „Градскиот стадион“ во Струга со почеток од 13:00 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 14 9 3 2 20:6 14 30
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 5 2 16:5 11 26
3 ШкендијаШкендија 1 14 6 3 5 17:8 9 21
4 СилексСилекс 1 14 7 0 7 15:16 -1 21
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 6 4 14:14 0 18
6 ШкупиШкупи 3 14 4 6 4 14:12 2 18
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 14 5 3 6 13:18 -5 18
8 РеноваРенова 14 4 3 7 11:19 -8 15
9 БорецБорец 14 4 3 7 11:23 -12 15
10 РаботничкиРаботнички 14 3 2 9 10:20 -10 11