Вардар пак нема да игра на „Филип Втори“, против Шкупи во Маџари

Екипата на Вардар и својот втор овосезонски натпревар во домашниот шампионат нема да го игра на Националната арена „Филип Втори“, откако за натпреварот против Шкупи, кој се игра во рамки од 5. коло на ПМФЛ, го пријави стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив го минува можеби најтешкиот период во последните неколку години. Експресно беше елиминиран во квалификациите за Лига Европа, остана без стратегот Бабунски, а во најава е и заминување на најголемиот финансиер, претседателот Сергеј Самсоненко.

Токму финансиската криза која владее во редовите на „црвено-црните“ е главната причина за одлуката на раководството на тимот мечот со Шкупи да се игра во Маџари, а не на најубавиот наш стадион. 

Стадионот „Борис Трајковски“ беше среќен за Вардар во првиот домашен натпревар на тимот, откако со минимални 1-0 беше совладан тимот на Македонија ЃП. По четири одиграни кола Вардар ја зазема четвртата позиција на табелата со скор од две победи и две реми средби.  

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 14 9 4 1 32:13 19 31
2 ВардарВардар 14 8 4 2 18:9 9 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 1 6 16:12 4 22
4 РеноваРенова 2 14 5 4 5 16:16 0 19
5 ПобедаПобеда 1 14 5 2 7 13:15 -2 17
6 РаботничкиРаботнички 1 14 5 2 7 18:24 -6 17
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 4 6 16:18 -2 16
8 ШкупиШкупи 1 14 4 3 7 10:16 -6 15
9 СилексСилекс 1 14 3 5 6 10:16 -6 14
10 БеласицаБеласица 3 14 3 5 6 11:21 -10 14