Вардар отпочна соработка со турскиот гигант Бешикташ

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денес официјално ја започна соработката со турскиот фудбалски гигант и актуелен првак Бешикташ.

Шефот на скаутинг службата на фудбалскиот клуб, Бајрам Билим, беше во посета на просториите на ФК Вардар и оствари средба со раководството на клубот на која се договори долгогодишна соработка помеѓу двата клуба.

Вардар е во процес на стабилизација по заминувањето на Сергеј Самсоненко, а соработката со Бешикташ може да донесе бенефит на понатамошни стази.