• Иван Димовски

Медиумите во Шкотска открија дека Роџерс Мато уште во јануарскиот преоден рок ќе стане играч на Хартс. Тоа се добри вести за Вардар кој успеа да избоксува трансфер и нема да го загуби играчот бесплатно налето.
Мато веќе се имаше договорено со Хартс и беше официјално потврдено дека во јуни се сели во Шкотска. Потоа следуваше цела драма, Вардар прифати понуда од Спортинг Канзас Сити за да го продаде играчот и да заработи уште во јануари, но јасно беше дека сè остануваше на него.
На крајот сите страни ќе бидат задоволени. Шкотланѓаните објавија дека Хартс ќе исплати непозната сума на пари до Вардар за веднаш да го доведе крилото во своите редови.
Роџерс Мато оваа сезона за Вардар постигна 15 погодоци на 17 натпревари во сите конкуренции.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




