• Горан Упале

Екипата на Вардар Неготино започна со засилување на својот ростер за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Второлигашот од Неготино денеска претстави три засилувања – Кристијан Ѓорѓиевски, Глигор Шиков и Матеј Јаневски.
Кристијан Ѓорѓиевски ќе застане меѓу стативите на Вардар. Тој има настапувано за Брегалница, како и во клубови во Германија, а негов последен ангажман беше во Кожуф каде што беше една полусезона. Глигор Шиков треба да биде новиот столб на одбраната. Се работи за млад стопер кој потекнува од младинската екипа на Тиквеш, а досега играл за Победа , Борец и Детонит.
Последното засилување е на левата бековска позицијата. Јаневски е поранешен член на Работнички, Тетекс и Еуромилк и досега има забележано преку педесет натпревари во младинските репрезентации У14, У16 и У18.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.