• Зоран Мишевски

Сезоната за подготвителни натпревари е во полн ек. Вчера на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, домашната Победа загуби од Вардар Неготино со 0-1 (0-1). Тимот од Неготино победи со голот на Петар Најдов во 31. минута. Имаше многу шанси на двете страни, а падна само еден гол пред очите на околу 200-300 гледачи.
Резултатот секако е во втор план, а многу побитна играта за двата тренера, Јане Николоски и Горан Тодорчев, кои ја искористија приликата да ги испробаат сите првотимци кои им се на располагање.
Победа:
Столевски, Кофиловски, Ивчески, Ристов, М. Талески, Богевски, Да. Спиркоски, Д. Дебрешлиоски, Фејзуловски, Д. Шаркоски, Н. Талески
Уште играа:
Шемкоски, Миланоски, Андоновски, Табаковиќ, Л. Петејчук, Крајоски, Тасески, Новески, Г. Димоски, Паскоски, Арифи, С. Спиркоски, Ѓурчиновски, И. Трајкоски
Вардар Неготино:
Вргов, Најдов, Петковски, Стојковски, Павлески, Крстев, Обадиќ. Јордановски, Тодоров, Спасов, Шишков
Уште настапија:
Ј. Стојанов, Х. Стојанов, Ѓорѓев, Смилков, Смилковски, Донов, Манчев, Младеновиќ, Ристов
Следниот контролен натпревар за Победа е в среда во 18:00 часот против гевгелиски Кожуф во Прилеп.