ВИДЕО: Вардар Неготино минимално подобар од Големо Коњари во ВМФЛ

Вардар Неготино стигна до важна победа во Втора македонска фудбалска лига, откако минимално славеше на гостувањето кај Големо Коњари со 0-1.

По првиот дел на натпреварот во Коњари немаше голови. Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 59 минута, откако Дарко Донов остана заборавен на втората статива и реализира за 0-1. До крајот на средбата резултатот остана непроменет.

Со ова, Вардар Неготино ја запиша петтата сезонска победа и стигна до 18 бода. Моментално екипата се наоѓа на 12. позиција и има „минус десет“ зад Каменица Саса која е прва на местата кои водат во баражот.

Од друга страна, Големо Коњари со седум бода е на дното на табелата.