Вардар напомош ги врати двајцата последни капитени

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денес е во погон. Тимот тренира во полн ритам, засилувањата се тука, но клубот и понатаму ќе работи на ангажман на квалитетни имиња кои ќе ја зголемат конкуренцијата.

Филип Гачевски и Дарко Мицевски се последните два капитени на вардарци додека тимот играше во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). И двајцата се вратија во тимот и му се ставија на располагање на тренерот Никола Глигоров.

Засега само тие се искусни засилувања во таборот на вардарци, но сигурно е дека нема да се застане тука. Управата сака да го врати клубот во ПМФЛ, а за тоа ќе бидат потребни уште квалитетни засилувања со прволигашко искуство.

Токму и тоа се најавува во изминатиот период, дека Вардар до крајот на преодниот рок ќе донесе уште најмалку едно ново име со богата биографија. Тимот работи во полна пареа во Скопје, а следната седмица заминува во Анталија каде ќе биде главниот дел од подготовките.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк