Вардар на мини-подготовки во Охрид, се приклучи и Бабунски

Екипата на Вардар ќе ја искористи паузата до следниот викенд на мини-подготовки во Охрид каде ќе одигра и еден контролен меч.

Локалните избори го одложија колото во ПМФЛ, а Вардар го очекува дербито со Шкендија во Тетово. Времето до мечот црвено-црните ќе го минат во градот крај езерото.

Со тимот од денес е и Давид Бабунски, кој беше со репрезентацијата на Македонија. Отсутен е само Роџерс Мато кој ќе игра за Уганда за место на СП 2026.

Вардар во Охрид ќе одигра и еден контролен меч со второлигашот Големо Коњари закажан во четврток.