ФОТО: Вардар му даде поддршка на повредениот Мицевски

Екипата на Вардар му даде поддршка на Дарко Мицевски, еден од клучните играчи на екипата кој се повреди и за кого сезоната е завршена.

„Моторот“ во средниот ред на црвено-црните доживеа повреда на натпреварот против ГФК Охрид, па мораше да замине на операција на скочниот зглоб. Лекарите соопштија дека тој нема да може да игра до крај на сезоната.

Во негова чест, играчите на Вардар пред натпреварот со Детонит Плачковица на терен излезе со маици „Панта, со тебе сме“. До крај на сезоната најтрофејниот македонски тим ќе се бори за промоција, а битката на врвот е изедначена.