Вардар може да жали: Бесплатно загуби цел тим супер-таленти!

Најтрофјениот македонски фудбалски клуб Вардар остана без многу играчи во однос на ланската сезона, а меѓу нив имаше неколку супер-талентирани имиња, кои се надоврзуваат на ласнките заминувања и формираат еден супер-талентиран тим загубен во нешто околу две години.

Александар Васоски пронајде одлични таленти и ги афирмира во првиот тим, но залудно за најтрофејниот колектив е што истите среќата ќе си ја бараат во друга средина. Кои поради финансиската криза, кои поради кратките договори, кои поради менаџерите...

Ако се сумира, Вардар во краток период загуби единаесет супер-талентирани играчи на секоја позиција. Тука се најмладиот голман во историјата на еден меч, Филип Трајчевски, како и репрезентативците Тодороски, Младеновски, Серафимов, Антовски, Адем, Димовски, Ибиши, Игњатов, Бериша, Омерагиќ...

  • ТАЛЕНТИТЕ КОИ БЕСПЛАТНО СИ ЗАМИНАА ОД ВАРДАР:

Филип Трајчевски (21, голман, Пелистер)
Тодор Тодороски (21, десен бек, Осијек)
Марио Младеновски (19, стопер, Динамо Киев)
Никола Серафимов (20, стопер, Академија Пандев)
Филип Антовски (19, лев бек, Динамо Загреб)
Али Адем (20, среден ред, ?)
Бојан Димоски (18, среден ред, Академија Пандев)
Џемал Ибиши (19, среден ред, ?)
Леонид Игњатов (18, среден ред, ?)
Јакуп Бериша (20, среден ред, Шкупи)
Азер Омерагиќ (18, напад, ?)

Во новата сезона Вардар ќе брои 24 играчи, меѓу нив сигурно има нови фудбалски „бисери“, кои, ако не се стабилизира клупската ситуација, во текот на зимата може да си заминат исто како и нивните претходници.