Вардар може да здивне: Мирчевски не е сериозно повреден

Вардар на натпреварот против Борец од Велес дојде до победа (0-2), но стручниот штаб го загрижи повредата на Мартин Мирчевски.

Сепак, најтрофејниот фудбалски колектив може да здивне, затоа што Мирчевски не е сериозно повреден. Еден од најдобрите играчи во актуелниот тим се здоби со повреда на мускулот и мораше да биде заменет на стартот на вториот дел, ама лекарските прегледи утврдиле дека се работи за полесна повреда.

Мирчевски ќе мирува во наредните денови, па се чека консултации дали тој ќе биде спремен за мечот со Академија Пандев кој се игра во претстојниот викенд. Васоски може да го има офанзивецот, шансите се доста големи.

Вардарци во дуелот со „пандевци“ влегуваат како шестопласирани во ПМФЛ.