ВИДЕО: Вардар мора да нападне, Копенхаген даде трет гол со играч помалку

Екипата на Копенхаген дојде до водство од 3-1 против Вардар, откако на петнаесетина минути пред крајот на мечот трет пат ја стресе мрежата на Гачевски, дури и со играч помалку.

Од страна на главниот судија исклучен беше словачкиот репрезентативец Јан Грегуш, кој направи груб прекршок врз Балотели и заслужено доби втор жолт картон. Фудбалерот негодуваше додека го напушташе теренот, но сепак, мораше да се помири со одлуката.

Стрелец на погодокот, пак, беше Федерико Сантандер, кој погоди во 75. минута од натпреварот.

На дваесетина минути пред крајот, вкупниот резултат во двомечот е 2-2.