Вардар на мегдан со Детонит Плачковица во Маџари

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар чека нова обврска во Втората лига, а следен предизвик ќе биде Детонит Плачковица.

Амбициозните радовишани гостуваат во Скопје, а „црвено-црните“ се враќаат на стадионот каде претходно ги играа натпреварите. Претходните дуели беа на „Железарница“, но Вардар од следната рунда во ВМФЛ се враќа на „Борис Трајковски“ во Маџари.

Натпреварот меѓу Вардар и Детонит Плачковица се игра во сабота од 14:00 часот. Ситуацијата на врвот во второлигашкото друштво е интересна, затоа што Гостивар по казната од три бода има 40 бода, исто колку и Вардар и Воска Спорт.