• Горан Упале
Вечните фудбалски ривали, Вардар и Пелистер уште во второто коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе го одиграат своето прво дерби по враќањето на „зелено-белите“ во мак-елитата.
Домаќин на оваа средба ќе биде Вардар, а дербито ќе се одигра в недела на 18 август под рефлектори, на Aрената „Тодор Проески“, со почеток од 20:00 часот. Така и во второто коло од ПМФЛ ќе гледаме вечерен натпревар, откако во неделата токму Вардар гостуваше во Струмица на „Благој Истатов“ и загуби од Брера со 3-1.
Пелистер, пак, сезоната во прволигашкото друштво ја започна со реми против амбициозниот Гостивар.
Покрај во Скопје и Струмица, вечерни натпревари во ПМФЛ наскоро се очекува да гледаат и битолчани.