Вардар ќе го има Фелипе за дуелот со Шкендија

Возбудувањата во ПМФЛ лигата продолжуваат наредната недела кога на распоредот е 19. коло, прво во пролетниот дел од сезоната. 

Најинтересен ќе биде судирот на водечките две екипи на табелата, Шкендија и Вардар. Пет бода е разликата помеѓу двата македонски гиганти кои се очекува до крај да водат битка за шампионската титула.

Тренерот Александар Васоски доби одлични вести во пресрет на дербито кое ќе се одигра во Тетово. Вардарци го вратија Хуан Фелипе во своите редови и веќе испратија барање до ФФМ за сертификат за настап. Истиот треба да биде готов до среда, што значи дека Бразилецот ќе биде во можност да им помогне на своите соиграчи на претстојното дерби.

Натпреварите од 19. коло се закажани за в недела со почеток од 14:00 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 29 20 6 3 63:21 42 66
2 ВардарВардар 29 15 9 5 32:17 15 54
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 28 14 5 9 32:23 9 47
4 ШкупиШкупи 2 29 11 6 12 30:29 1 39
5 РаботничкиРаботнички 1 29 11 6 12 36:40 -4 39
6 РеноваРенова 1 29 9 9 11 34:37 -3 36
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 29 8 11 10 35:41 -6 35
8 СилексСилекс 29 7 10 12 20:35 -15 31
9 БеласицаБеласица 29 6 9 14 25:39 -14 27
10 ПобедаПобеда 28 5 5 18 20:45 -25 20